Дома Фудбал Англија Лоши вести за Ливерпул: Овој фудбалер го пропушта финалето!

Лоши вести за Ливерпул: Овој фудбалер го пропушта финалето!

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џо Гомез ќе го пропушти финалето во Лигата на шампиони кое се игра на 26-ти мај против Реал Мадрид.

20-годишниот десен бек се здоби со повреда на глуждот на мечот со Челзи, па за него оваа сезона е завршена и Клоп нема да може да смета на него за најважниот натпревар во сезоната.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Џо Гомез во Ливерпул пристигна 2015 година од Чарлтон за 5 милиони евра, а оваа сезона настапи на вкупно 31 натпревар за „црвените“ во сите натпреварувања.

Во ноември минатата година Гомез дебитораше за сениорската репрезентација на Англија и до сега одигра 3 меча за „Гордиот Албион“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

(Видео) Неверојатниот Меси со два гола и асистенција го одведе Мајами во полуфинале на Истокот

Лионел Меси со феноменална изведба го одведе Интер Мајами во полуфиналето на Источната кон…