Актуелниот шампион Лестер е пред реализација на трансферот на Вилфред Ндиди од белгиски Генк, пренесуваат англиските медиуми.
Медиумите на Островот тврдат дека трансферот е договорен и „лисиците“ за 15 милиони евра ќе го доведат еден од најдобрите играчи на Генк и еден од најталентираните фудбалери во белгиското првенство.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
20-годишниот Нигериец веќе собра и пет настапи во националниот дрес, а познат е како универзалец кој освен позицијата на последен играч за врска, која е најголемиот проблем за Раниери по заминувањето на Канте, може да игра и во одбраната.
Скаути на многу европски гиганти ги следа настапите на Ндиди, но Лестер успеа да ја победи конкуренцијата и за неговиот потпис ќе плати 15 милиони евра.