Eнис Барди е одличен оваа сезона во Примера, посебно кога во прашање се слободните удари.
За Барди ова беше петти гол оваа сезона во Примера, повеќе од него има само Лионел Меси, но и од многу повеќе обиди. Македонскиот интернационалец со oвој гол го запиша и своето име во историјата на Ла Лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено во последните 18 години покрај Барди само уште четворица фудбалери успеале да постигнат пет или повеќе погодоци во една сезона.
Тоа му успеа на Асунсао во сезоната 2004/2005 кога постигна пет гола од 49 обиди, Перниа (5/24) во 2005/2006, Роналдињо (6/49) и Лионел Меси (6/49) оваа сезона.
Но треба да се истакне дека Барди има најдобар процент бидејќи тој оваа сезона постигна пет гола, но од само 16 обиди!