Милорад Мажиќ ќе го суди финалето во Лигата на шампионите на 26 мај во кое ќе играат Ливерпул и Реал Мадрид.
И додека медиумите во соседството го фалат и се гордеат тоа што Мажиќ доби огромна чест се појавија и критичари кои тврдат дека најлошиот судија од минатиот Мундијал е избран да го суди финалето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Критичарите потсетуваат на натпреварот на Мундијалот во 2014 година помеѓу Германија и Португалија кога Мажиќ во 37 минута го исклучи дефанзивецот Пепе поради провоцирање на Томас Милер, после што Германците славеа со убедливи 4:0.
Многу прашина се подигна околу таа одлука на Мажиќ, а одредни навивачки анкети го прогласија за најлош судија на Мундијал во 2014 година. Се потсетува дека Мажиќ на неславната анкета добил дури 80.000 гласови.
На сето тоа како уште еден „минус“ на Мажиќ се наведува тоа што оваа сезона тој судел само четири натпревари во Лигата на шампионите и тоа сите во групната фаза.
Milorad Mazic – refereed 4 CL games this season pic.twitter.com/BUMLVbAn2A
— – (@SKMadrid19) May 7, 2018