Синоќешното „Ел Класико“ иако немаше големо резултатско значење ќе остане запаметено по спорните судиски одлуки.
Ако им се верува на зборовите на Серхио Рамос, Реал Мадрид во второто полувреме мораше да влезе на терен со два играчи повеќе. Поточно, Меси мурал во тунелот да добие црвен картон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Меси на полувремето вршеше притисок на судиите“, откри Рамос после мечот (види ОВДЕ).
„Ја посра, ја посра. Им делиш поклони“, веројатно биле зборовите на Меси во тунелот, а се однесувале на црвениот картон кој го доби Серџи Роберто.
„Ако навистина го кажал ова, тогаш морал да добие црвен картон. Веќе имаше втор жолт картон и судијата морал да го исклучи“, изјави судискиот експерт, Итуралде Гонзалез.