Дома Топ вести Случај „Дембеле“: Бартомеу тврди едно, Валвреде прави друго, се вмеша и Клоп!

Случај „Дембеле“: Бартомеу тврди едно, Валвреде прави друго, се вмеша и Клоп!

Што се случува со второто најскапо засилување во историјата на клубот?

Осман Дембеле летоска стигна како замена за Нејмар, но не ги оправда очекувањата.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Рака на срце, беше повреден на два пати, го пропушти поголемиот дел од сезоната, но сега е здрав веќе скоро два месеца, но и покрај тоа не игра на важни натпревари.

Синоќешното Ел Класико е најдобар доказ дека Валвреде не смета на него. Дембеле не беше ни мушу трите измени, а на крајот дури и Пако Алкасер доби шанса на местото на Суарез.

Претседателот на Барселона Бартомеу тврди дека Дембеле е иднината на клубот, но тоа за сега не делува така.

„Немаме намера да го продадеме Дембеле. Тој е иднината на клубот, донесен е токму поради тоа и за него има време да покаже колку вреди.“ – рече Бартомеу.

Проблемот во целата ситуација е што доаѓа и Антоан Гризман и тогаш Дембеле ќе има уште помалку минутажа, па се споменува и можноста за позајмица.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во свој стил даде коментар за случајот „Дембеле“.

„Осман Дембеле е на трансфер листата? Тогаш јас сум заинтересиран.“ – истакна Клоп.

И покрај се, Барса не смета сериозно на него оваа сезона, позајмица можеби е опција, а продажба тешко, бидејќи Дембеле беше платен 105 милиони и уште 40 во бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се запали хотелот на Роналдо во Мароко (видео)

Според светските медиуми, хотелот „Пестана CR7“ на Кристијано Роналдо во Мароко се запали …