Дома Трансфер зона Баерн се приклучи во трката за Кутињо!

Баерн се приклучи во трката за Кутињо!

Германскиот шампион Баерн Минхен е уште еден европски гигант, кој ќе се вклучи во борбата за ѕвездата на Ливерпул Филипе Кутињо, пренесуваат англиските медиуми.

Кутињо сигурно ќе биде ѕвезда на трасфер пазарот следното лето, бидејќи за него силен интерес од поодамна покажуваат Барселона и Пари Сент Жермен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во моментов Филипе Кутињо се опоравува од повредата, а од почетокот на сезоната има 5 гола и 5 асистенции во 13 натпревари за Ливерпул.

Неговата цена од ден на ден вртоглаво расте, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.

Секако, за тоа се прашува и Ливерпул кој е спремен да стори се, за да го задржи Бразилецот на „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…