Дома Фудбал Останато Ди Марија: Клубот ќе купува, па некој мора да биде продаден

Ди Марија: Клубот ќе купува, па некој мора да биде продаден

Аргентинецот од редовите на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија не е сигурен дали и наредната сезона ќе биде дел од овој клуб.

На „Паркот на Принцовите“ се очекува бурно лето, се најавуваат големи промени во играчкиот кадар. Да потсетиме, стратегот Унаи Емери веќе потврди дека го напушта клубот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Се е можно. Јас сум среќен тука, но ситуацијата е таква што клубот мора да доведува нови играчи, па некој ќе мора да биде продаден. Не зависи од мене дали ќе останам, клубот ќе одлучи“, изјави Ди Марија.

ПСЖ од наредната сезона ќе биде предводен од Томас Тухел. Медиумите веќе започнаа да шпекулираат, но преодниот рок не е започнат па во овие моменти тоа се само гласини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси призна дека сакал да ја помине целата своја кариера во Барселона

Лионел Меси повторно се наврати на спомените од разделбата со Барселона. Легендарниот пора…