Дома Кошарка Феникс Санс сега се Феникс Шанс – НБА клубот го промени името поради српскиот стратег

Феникс Санс сега се Феникс Шанс – НБА клубот го промени името поради српскиот стратег

Феникс Санс му укажа голема чест на српскиот тренер.

Кошаркарите на Феникс се убедливо последни оваа сезона, а пристигнувањето на српскиот тренер Игор Кокошков предизвика огромна еуфорија.

Клубот од Аризона следата година ќе биде предводен од српскиот стручњак и поради тоа клубот од НБА одлучи на интересен начин да му посака добродојде.

Имено, на својот Твитер профил освен пораките и честитките тие го променија името, па сега место Феникс Санс, се викаат Феникс Шанс.

Оваа промена секако е привремена, а инспирирана е од буквата Ш која Игор ја има во своето презиме.

да се истакне и дека Кокошков е првиот тренер од Европа кој ќе води еден клуб од НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Принтезис не сака на чело на грчката кошарка: „Како да застанам пред 20.000 навивачи на Панатинаикос?“

Легендата на Олимпијакос одбил да влезе во трката за претседател на грчката федерација, см…