Челзи веќе го договори првото засилување за следната сезона, а станува збор за најдобриот млад дефанзивец во Бундес лигата, Бенџамин Хенрих од Баер Леверкузен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хенрих природно игра на десната бековска позиција, но може да игра и во средниот ред има договор со Леверкузен до 2022 година, во кој има откупна клаузула од 35 милиони евра.
Британските медиуми денес пренесоа дека „сините“ веќе се договориле со играчот и се спремни да ја активираат клаузулата.
Blues set to swoop for German starlet ?https://t.co/0eSrjUmAZL
— talkSPORT ? (@talkSPORT) May 2, 2018
Иако се уште не се знае точно кој ќе биде тренер на Челзи за следната сезона, бидејќи Конте е на излезна врата, сепак раководството веќе се припрема за следната сезона.
Хенрих е 21-годишен дефанзивец и сигурно ќе биде големо засилување за сегашноста, но и за во иднина.