Дома Трансфер зона Потписот на Емре Чан е обезбеден, сега Јувентус има нова мета – Ектор Белерин!

Потписот на Емре Чан е обезбеден, сега Јувентус има нова мета – Ектор Белерин!

Реномираното радио „Кадена СЕР“ носи одлични вести за навивачите на Јувентус – по обезбеудвањето на потписот на Емре Чан „старата дама“ според овој извор е блиску до уште едно засилување од Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Кадена СЕР“ наведува дека Јувентус е блиску до постигнување договор со Арсенал за трансфер на Ектор Белерин.

Шпанецот на радарот на „старата дама“ е уште од минатото лето кога Дани Алвеш го напушти клубот. Сепак конкретна понуда од Јувентус тогаш не пристигна, а фудбалерот подоцна наголемо се поврзуваше со Барселона. На крајот остана во Арсенал.

Понудата која Барселона минатото лето ја испрати за Белерин изнесуваше 50 милиони евра, исто толку сега наводно е спремен да понуди Јувентус, но овој пат се потенцира дека „топчиите“ се спремни да разговараат за негова продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…