Дома Фудбал Лига на шампиони Херојот на Мадрид: Навас вечерва имаше осум одбрани

Херојот на Мадрид: Навас вечерва имаше осум одбрани

Голманот на Кралевите Кејлор Навас е вистински херој на Реал вечерва.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој го спасуваше својот тим во клучните моменти на натпреварот против Баерн, а на крајот заврши 2:2 и Реал е во големото финале, каде ќе игра трети пат по ред.

Навас неверојатно бранеше на овој натпревар, а две одбрани посебно беа важни. Прво таа од првото полувреме кога го одбрани ударот на Левандовски во 33. минута и на 15 минути пред крајот кога со прекрасна парада го одбрани ударот на Милер. Резултатот во тој момент беше 2:2 и доколку Миле погодеше Баерн ќе имаше предност.

Навас вечерва имаше вкупно осум одбрани што е негов рекорд во нокаут фазата на ЛШ и веројатно ќе го понесе епитетот играч на натпреварот.

Да потсетиме, Реал противникот во финалето ќе го дознае утре, кога реванш натпреварот во второто полуфинале во Рим го играат Рома и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…