Eден од најдобрите фудбалери во светот вечерва испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите.
Нов натпревар во Лигата на шампионите и нов рекорд на Кристиано Роналдо!
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот интернационалец вечерва очекувано се најде во првиот тим на Реал и така го запиша својот 152 натпревар во најелитното европско натпреварување.
На тој начин Кристиано Роналдо стана фудбалерот (не сметајќи ги голманите) со најмногу настапи во Лигата на шампионите.
Рекордот до вечерашниот натпревар го држаше поранешниот фудбалер на Барселона Чави со 151 настап во Лигата на шампионите. Доколку ги сметаме и голманите на врвот е Икер Касиљас со 167 натпревари.
152 – Cristiano Ronaldo is making his 152nd appearance in the Champions League this evening; the most of any outfield player in competition history (one more than Xavi). Titan. pic.twitter.com/y7YgDob8EE
— OptaJoe (@OptaJoe) May 1, 2018