Вечерва на „Сантиаго Бернабеу“силите ќе ги одмерат европските гиганти Реал Мадрид и Баерн Минхен, дуел кој ќе го одреди првиот патник во финалето од Лигата на шампиони.
Кога станува збор за составите кои вечерва се очекуваат на култниот мадридски стадион, сигурно дека ќе има многу промени во однос на првиот дуел. Особено тоа се однесува на Баерн, бидејќи Хејнкес поради повреди не може да смета на неколку првотимци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кај Баерн Минхен сигурно ќе отсуствувааат Арјен Робен и Боатенг, кои се поведија на првиот дуел во Минхен. Добра вест за Хејнкес е враќањето на Давид Алаба кој ќе биде стартер на левата бековска позиција.
Зинедин Зидан нема да може да смета на повредените Иско и Карвахал, па се очекува на нивните места во стартниот тим да бидат Начо и Асенсио.
Веројатни состави:
Реал Мадрид: Навас – Начо, Варан, Рамос, Марсело – Каземиро, Модрич, Крос – Васкез, Асенсио, Роналдо.
Баерн Минхен: Улрих – Кимих, Суле, Хумелс, Алаба – Мартинез, Алкантара – Хамес, Милер, Рибери – Левандовски.