Кошаркарите на Бостон Селтикс во првиот натпревар од полуфиналето на НБА плеј-офот на Истокот ја совладаа Филаделфија со 117-101.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
И покрај отсуството Џејлан Браун и повредените Каири Ирвинг и Гордон Хејворд, „Келтите“ во ниту еден момент од дуелот немаа сериозни потешкотии, а за убедливата победа помогна и одличниот шут од тројка.
Најефикасен во победничкиот тим беше Тери Розир со 29 поени, Тејтум застана на 28 поени,а Ал Хорфорд мечот го заврши со 26 поени. Кај Филаделфија најефикасен беше Џоел Ембид со 31 поен.