Дома Фудбал Кавани стана рекордер и потврди: Останувам во ПСЖ!

Кавани стана рекордер и потврди: Останувам во ПСЖ!

Едисон Кавани синоќа со златни букви го запиша своето име во историјата на францускиот клуб, Пари Сент Жермен.

31-годишниот напаѓач постигна два гола на мечот со Гингамп и со тоа стана најдобар стрелец на „светците“ во француското првенство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кавани веќе има 115 гола во елитата и го надмина претходниот рекордер Златан Ибрахимовиќ, кој за периодот 2012-16 година реализираше 113 гола за ПСЖ во шампионатот.

„Се чувствувам како дома во ПСЖ, и не размислувам за заминување. Не сум кажал ниту дека иднината ми зависи од клубот. Имам актуелен договор и сакам да го испочитувам. Што се однесува до мене, веќе размислувам за идните предизвици со овој тим“, изјави Кавани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…