Екипата на Вардар успеа во финишот да се извлече против Кил за нов фајнл фор оваа сезона во Лигата на европските шампионати.
Иако пораз од 27:28, поради повеќе постигнати погодоци на гости, Вардар е вториот патник во Келн, каде патува да донесе второ злато во низа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одлична игра покажаа црвено-црните во својот Јане Сандански, иако на стартот имаше негатива од 3:0, па го отвори резултатот дури во 6. минута.
Подоцна во текот на мечот, Вардар несомнено покажа доминација, па неколку пати имаа преднос од 4 погодоци, кои сепак во финишот беа загрозени, барем на хартија.
Арпад Штербик во редовите на составот на Гонзалес запиша 16 интервенции,додека Борозан 6 погодоци со што беше најпрецизен во нашиот состав, на спротивната страна пак, Винчек и Зарабец запишаа по 6 погодоци.