Дома Фудбал Останато Неуспешна втора епизода за Марадона – „Ел Пибе“ си поднесе оставка

Неуспешна втора епизода за Марадона – „Ел Пибе“ си поднесе оставка

Легендарниот Диего Армандо Марадона (57) неславно ја заврши својата втора епизода во Емиратите, во второлигашот Ал Фуџаирах.

Тимот на „Ел Пибе“ во последното коло одигра само 1:1 против екипата на Ал Калејо, а со тој резултат мораше да се задоволи само со третото место, зад Ал Итихад кој има ист број на бодов, но подобар меѓусебен дуел.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Марадона веднаш после натпреварот си поднесе оставка на местото тренер во екипата кое го извршуваше од минатиот мај.

За славниот Аргентинец ова беше втор професионален ангажман во „Емиратите“, после оној кој го имаше во Ал Васл каде што се задржа една година.

Претходно беше селектор на Аргентина од 2008 до 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за пр…