Дома Топ вести Атлетико потврди: Симеоне ќе остане уште долго!

Атлетико потврди: Симеоне ќе остане уште долго!

Извршниот директор на Атлетико Мадрид, Мигел Анхел Хил Марин, потврди дека тренерот Диего Симеоне сигурно ќе остане во клубот и во наредната сезона.

Мигел Анхел со оваа своја изјава стави крај на шпекулациите дека популарниот Чоло ќе замине од „Винсенте Калдерон“ на крајот од сезоната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тој и наредната сезона ќе биде тренер на Атлетико. Овде е пет години и логично е да остане бидејќи сме презадоволни од неговата работа. Заедно растеме, што значи дека за двете страни е најпаметно да останеме заедно уште многу години“, изјави Мигел Анхел.

Диего Симеоне има договор со клубот до 2018 година, а изминатиот месец започнаа шпекулациите дека тој би можел да замине по завршувањето на сезоната.

Силен интерес за аргентинскиот стратег покажува милански Интер, а шпекулациите се зголемија кога самиот Симеоне призна дека еден ден сигурно ќе ги предводи „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Веќе е познат првиот учесник за Лигата на шампионите наредната сезона!

Фудбалерите на Барселона успешно го завршија натпреварот од 29-тото коло на шпанската Ла Л…