Фудбалерот од средината на теренот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба смета дека медиумите и луѓето во Англија имаат различен третман кон него во однос на поголемиот дел фудбалери од Премиер лигата.
Погба оваа сезона постигна пет и намести 12 погодоци и на големо се пишува и се критикува Французинот дека тоа не е доволно за да ја оправда сумата од 105 милиони евра која Јунајтед ја плати за него пред две лета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Смешно е тоа што луѓето не ми судат по тоа што правам на средината на теренот. Ме оценуваат само по бројот на голови и асистенции. Тоа е вистина. Можам да одиграм и најдобро, но ако не постигнам гол или не асистирам, не е доволно добро. Ако некој друг го направи истото тогаш е се поинаку. Тој некој би можел да биде прогласен и за играч на натпреварот“.
„На мене поинаку ми се суди, но добро. Поради тоа сакам повеќе да напредувам, прифаќам се на добар, а не на лош начин. Ќе се обидам да бидам стрелец или асистент, сакам да си ја одработам својата задача на средината од теренот. Ако можам да и помогнам на екипата во нападот или одбраната и така да направам разлика тогаш тоа и ќе го направам“, изјави Погба.