Во рамки на полуфиналето од Лига Европа вечерва се одиграа двата натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Арсенал на својот „Емирати“ го пречека составот на Атлетико Мадрид. Рано во само десет минути од првиот дел, Врсалјко заработи два жолти картони, па речиси цел меч составот на Симеоне играше со играч помалку. Резултатот беше отворен во 61. минута, односно во второто полувреме, кога Лаказет ја израдува домашната публика, додека во 82. Гризман им донесе значително реми на Мадриѓаните.
Во вториот полуфинален меч Марсеј славеше против Салзбург на домашен терен со 2:0. Тауван во 15. минута, додека конечниот резултат го постави Н’Јие во 63. минута кога беше прецизен за 2:0 во корист на францускиот состав.
https://www.youtube.com/watch?v=id5Qw6fBeZY