Дома Трансфер зона Позната понудата – Бока спремна да го направи Буфон најплатен играч во Аргентина!

Позната понудата – Бока спремна да го направи Буфон најплатен играч во Аргентина!

Легендарниот голман на Јувентус Џанлуиџи Буфон се уште не одлучил што ќе прави на крајот на оваа сезона.

Италијанскиот голман има понудата од славниот аргентински клуб Бока Јуниорс. Сега медиумите откриваат и детали од понудата кога се финансиите во прашање.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Според истите, Буфон во Бока би можел за пет месеци да заработи 2.5 милиони долари и да ја заврши кариерата во аргентинскиот гигант.

Доколку Буфон се одлучи да ја прифати оваа понуда би станал најплатениот фудбалер во Аргентина, повеќе и од сегашната прва ѕвезда на тимот Карлос Тевез.

Буфон во Јувентус брани уште од 2001 година, а конечната одлука околу потенцијалниот трансфер во Буенос Аирес голманот ќе ја донесе на 17 мај.

би бил трет клуб во кариерата на освојувачот на Мундијалот со Италија со оглед на тоа што пред Јувентус го носеше дресот на Парма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…