Вардарки со пораз ја завршија регионалната лига, што е нивни прв во ова натпреварување. На последниот турнир кој се игра во Подгорица, екипата на Крим успеа да не совлада.
Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 34:29 во корист на екипата на Крим Меркатор. Противникот имаше предност во најголем дел од мечот и на крајот заслужено победи. На полувреме исто така имаа водство од 18:16. Во текот на вчерашниот ден бевме подобри од екипата на Будуќност (26:27). На крајот беа доделеми медалите и трофејот за шампионот, а тоа е екипата на Вардар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На вкупно пет турнири во регионалната лига остваривме осум победи, еден нерешен резултат и еден пораз и на крајот завршивме на првото место, со што го одбранивме трофејот во ова натреварување. Пред вардарки претстои најголемиот предизвик, а тоа е завршниот турнир во Лигата на Шампионите.