Дома Фудбал Италија На повидок нова афера во Серија А: Бразилец пред суспензија од четири години!

На повидок нова афера во Серија А: Бразилец пред суспензија од четири години!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, наскоро ќе бидеме сведоци на нова афера во италијанскиот фудбал.

Имено, станува збор за допинг! Во која е вмешан Бразилецот и напаѓач на Каљари Жоао Педро кој падна на допинг тест.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На Бразилецот му бил направен допинг тест по натпреварот против Сасуоло на 11 февруари, а потоа и после натпреварот против Киево шест дена подоцна и во двата случаи во крвта му била пронајдена недозволен супстанца.

Поради тоа 26 годишниот напаѓач на Каљари на 26 мај ќе биде сослушан пред надлижниот анти-допинг суд.

Италијанските медиуми пишуваат дека во најлош случај Жоао би можел да биде суспендиран на четири години, додека неговите адвокати пред медиумите тврдеа дека фудбалерот не е виновен.

Оваа сезона во Серија А веќе фудбалерот на Беневенто, Фабио Лукоња заработи еднагодишна суспензија поради допинг, покрај тоа беше суспендиран и докторот на истиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барселонa во своите редови веќе има „нов Јамал“: На 27 натпревари постигнаа 100 гола – со само девет години!

Иако Ламин Јамал е уште млад и има само 18 години, Барселона можеби веќе има негов наследн…