Дома Фудбал Останато Фото: Роналдо со нов подарок за Рашфорд – напаѓачот мораше да се пофали

Фото: Роналдо со нов подарок за Рашфорд – напаѓачот мораше да се пофали

Младиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се пофали со поклонот кој го доби од Кристиано Роналдо.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ растеше гледајќи вистински идол токму во Роналдо, а тие подоцна станаа и вистински пријатели.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Да потсетиме, пред неколку недели Рашфорд се пофали дека Роналдо му испратил нови „Nike Air Max CR7“ патики, а денес напаѓачот доби дрес од Реал Мадрид со потписот на Португалецот.

„За Маркус, продолжи да работиш напорно“, гласи пораката од ѕвездата на Реал Мадрид до 20 годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Ваквите подароци и поклони сигурно се мотив повеќе за Рашфорд да продолжи да работи напорно со цел да направи кариера како на својот идол или пак барем приближно таква.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…