Мохамед Салах синоќа буквално ја потопи „својата“ Рома со два гола и две асистенции во полуфиналето од Лига на шампиони.
Салах ова лето токму од Рома се пресели во Ливерпул за 42 милиони евра, а сега спортскиот директор Мончи објасни зошто клубот се одлучил на таков чекор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас го продадов Салах. Морав да ја прифатам реалноста. Го продадов за нешто помалку од 42 милиони евра, но постои големо објаснување за тоа. Моравме да го продадеме до 30.јуни. Да не ја реализиравме зделката, немаше да ја поминеме контролата на УЕФА и немаше да играме во Лигата на шампионите, а не пак да стигнеме како сега, до полуфиналето“, појасни Мончи.
„Кога пристигнав јас во Рома, клубот имаше понуда за Салах од 30 милиони евра. Потоа на него, заедно со бонусите, заработивме околу 50 милиони евра“, додаде спортскиот директор.