Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп беше задоволен после синоќешната победа на неговиот тим против Рома од 5:2 на Енфилд во рамките на првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ.
Ливерпул водеше со 5:0, но Рома во самиот финиш од натпреварот успеа да постигне два гола кои ќе го направат реваншот на Олимпико доста интересен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Перфектно одигравме 80 минути. Направивме само една грешка во одбраната. Пеналот не беше пенал, но таква е ситуацијата и сега е 5:2. Ќе беше подобро да беше 5:0 или 5:1, но добро е и 5:2. Постигнавме многу голови но можевме и повеќе. Тоа е се позитивно, но во овој момент не е се бидејќи примивме два погодоци пред самиот крај на натпреварот.“ – рече Клоп кој даде коментар и за повредата на Окс:
„Чемберлејн веројатно е тешко повреден. Тоа се лоши вести за нас. Мора да бидеме креативни во наредните натпревари да го надоместиме неговото отсуство.“
Да потсетиме, реваншот на Олимпико се игра за осум дена.