Фудбалерите на Ливерпул и Рома вечерва на Енфилд го играат првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ. Психолошката игра веќе започна, а предводник на неа е претседателот на Рома Палота кој денеска одлучи да го “пецне“ газдата на Ливерпул.
Палота денеска даде интервју за англиските медиуми во кое отворено зборуваше за сите работи. Претседателот на римскиот клуб се присети на минатото лето кога преговарал со газдата на Црвените, Џон Хенри, околу трансфер на Мохамед Салах.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Рома откри дека на Хенри му идело да заплаче откако го договориле трансферот бидејќи мислел дека потрошиле премногу пари за Египќанецот. Но, сигурно после феноменалните игри на Салах верува дека овој фудбалер го донесе за ‘ситни пари.’
„Само што не пушти солза кога го договоривме трансферот. Често ме прашуваше дали не го платиле премногу и беше сигурен дека направил грешка. Му кажав на крајот дека треба да се смири и дека ќе го частам вечера. Еве, сега се покажа дека плати малку, а доби играч кој стана најдобар во клубот“ – изјави Палота.