Дома Фудбал Останато Скандал во Хрватска: Фудбалерите на Хадук нападнати од боксери, најдобриот играч „добил“ нога во глава

Скандал во Хрватска: Фудбалерите на Хадук нападнати од боксери, најдобриот играч „добил“ нога во глава

Како што пренесува хрватскиот портал „Индекс“ вистински скандал се случил во Сплит еден ден откако Хајдук со 1:2 беше поразен од Динамо.

Играчите Марко Футак, Хамза Бери, Сав Гентсоглу, Хусеин Мемола и Ахмед Саид се шетале на улиците во Сплит и во еден момент кога поминува покрај боксерскиот клуб „Торцида“ биле нападнати.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Тогаш како што дознава „Индекс“ неколку лица во боксерски шорцеви вербално ги нападнале поради лошиот настап во натпреварот во кој Динамо стигна до победа во натпреварот на сезоната.

Неговите соиграч веднаш му дотрчале на помош и се обиделе да ја смират ситуацијата. Во целата мешаница еден од навиачите го удрил унгарскиот напаѓач Футак со нога во главата при што фудбалерот се здобил со полесни повреди.

Од хрватската полиција изјавија дека нападот на петмината хрватски фудбалер не бил пријавен.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Играше за Реал, Челси и ПСЖ, сега ќе избира убавици на Мис Универзум

Поранешната фудбалска ѕвезда Клод Макелеле (52) ја замени фудбалската сцена со гламурознат…