Шефот на стручниот штаб на Победа Тони Мегленски по мечот со Вардар заслугата за победата од 2-0 ја препиша на фудбалерите на теренот.
„Ова е победа на фудбалерите кои беспрекорно ги исполнија поставените задачи и затоа се најзаслужни за трумфот над Вардар. Фудбалерите со нивниот професионален пристап сфатија што од се бара од нив и од натпревар во натпревар евидентен е прогресот во нашата игра. Со нивното залагање и со односот на теренот покажаа како се бори за дресот на Победа“, истакна Мегленски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Оваа победа над Вардар треба да им биде само уште поголем мотив за продолжението на првенството. Ова е само надополнување на професионализмот кој во клубот го донесе новото раководство на сите нивоа на клупска организација и резултатите ќе си дојдат сами по себе. Но оваа победа над Вардар за нас е веќе минато и немаме време за славење и непотребна еуфорија бидејќи за Победа допрва престојат клучните натпревари во оваа сезона. Веќе во среда не очекува нов тежок и многу значаен меч со Шкупи на Чаир. Останува фудбалерите следните два дена малку да се освежат и добро да го анализираме нашиот следен противник. Во Скопје патуваме со цел да се преставивме во најдобро издание, ќе се надигруваме со противникот кој ни е добро познат и доколку ја одиграме нашата игра имаме реални шанси да извелечеме поволен резултат“, додаде младиот стратег.
Победа сезонава вторпат го совлада Вардар во натпревар како домаќин. Есеноска во Прилеп беше 1-0, а денес во Струмица 2-0. Мегленски како дебитант на клупата на Победа го надмудри поискусниот колега Бабунски на клупата на Вардар и ја продолжи серјата на победи над црвено-црните и по Штерјовски и Бубања е трет тренер на црвено-белите со земен скалп на Вардар.