Дома Трансфер зона Англиските гиганти се ’тепаат’ за 13-годишното „чудо од дете“

Англиските гиганти се ’тепаат’ за 13-годишното „чудо од дете“

Карамако Дембеле има само 13 години, а веќе покажува извонредни фудбалски вештини и се наметнува кај постарите категории во младинската академија на Селтик.

Дембеле неодамна дебитираше за У-20 тимот на Селтик во натпреварот со Хартс и така стана најмладиот дебитант во историјата на клубот.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Ова 13-годишно „чудо од дете“ веќе се најде на радарот на големите англиски клубови, пред се Челзи и Манчестер Сити.

Дури и Ајакс се вклучи во битката за неговиот потпис и се надева дека Дембеле ќе го избере токму холандскиот клуб поради репутацијата која ја има нивната младинска школа.

Сепак, Селтик сака да го задржи по секоја цена, тој е во клубот од својата десетта година, и шкотскиот гигант смета дека е иднината на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се насочува кон дефанзивецот на Челзи

Приоритет на Јувентус во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на одбраната, а ново име …