Синоќа на натпреварот против Беневенто, Лукас Биглија заработи повреда на грбот, а денес Милан ги потврди лошите вести.
Имено, денес на Биглија му беа направени детални испитувања и беше дијагностицирана фрактура на два лумбални пршлени, па го очекува долга пауза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тоа автоматски значи дека за него сезоната е завршена, но сигурно ќе го пропушти и Мундијалот во Русија.
Биглија е еден од столбовите на аргентинската репрезентација и заменик капитенот, па ова сигурно е лоша вест за тренерот Сампаоли.
Милан ќе го загуби Аргентинецот до крајот на сезоната и нема да настапи на финалето од Купот на 9-ти мај против Јувентус.
Medical update on Lucas Biglia ➡https://t.co/WrngZTx2uh
Aggiornamento medico sulle condizioni di Lucas Biglia ➡ https://t.co/uaTdfoQAnE pic.twitter.com/9KJctJROxa— AC Milan (@acmilan) April 22, 2018