Дома Трансфер зона Мендеш: Хамес Родригез останува во Реал!

Мендеш: Хамес Родригез останува во Реал!

Хамес Родригез неодамна призна дека не е среќен во Реал Мадрид и дека размислува за заминување од „Сантиаги Бернабеу“.

Тоа само ги засили шпекулациите за негов трансфер, а интерес за Колумбиецот покажаа неколку европски гиганти.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, неговиот агент Жорге Мендеш за шпанските медиуми потври дека Хамес Родригез во јануарскиот преоден рок ќе остане во Реал Мадрид.

„Хамес Родригез нема да оди никаде во јануари. Ќе остане во Реал Мадрид до крајот на сезоната“, потврди Мендеш.

Сепак, португалскиот супер-агент не ја исклучи можноста следното лето Колумбиецот дефинитино да го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…