Дома Фудбал Останато Европскиот и светскиот шампион со Франција: Секогаш ќе жалам што го заменив Арсенал за Барселона

Европскиот и светскиот шампион со Франција: Секогаш ќе жалам што го заменив Арсенал за Барселона

Емануел Петит беше одличен играч за врска, можеше да покрива повеќе позиции во средниот ред – играч каков што секој тренер би посакал. Со репрезентацијата на Франција беше светски (1998) и европски (2000) шампиони, а во финалето против Бразил беше стрелец на третиот погодок (3:0).

Петит со Арсенал ја освои Премиер лигата, а во текот на целата своја кариера каде и да играше го носеше дресот со број 17, а по завршувањето на фудбалската кариера работеше како фудбалски аналитичар во Франција.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Откако беше фантастичен во дресот на „топчиите“ во пакет со Марк Овермарс замина во Барселона и токму таму започнаа проблемите за Французинот.

Во својата биографија објавена во 2008 година, Петит посебно поглавје посвети на каталонската пропадната авантура и напиша дека тогашниот тренер Лорен Сер Ферер не знаел која е неговата позиција.

„Единствената работа за која жалам во животот е што Арсенал го заменив со Барселона. Кога пристигнав тимот беше поделен на кланови. Беше одвратно. Никој не ми посветуваше внимание, дури не бев и поздравен кога дојдов“.

„Во тимот постоеа три групи. Каталонци, Холанѓани и останати. Веднаш можеше да се заклучи дека тука нема заедништво“, откри Петит.

Барселона таа сезона заврши на четвртата позиција зад Реал, Депортиво и Мајорка, а Петит запиша 23 настапи и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јувентус има три начини да го задржи Влаховиќ

Душан Влаховиќ ќе може од зима да преговара со други клубови за својата иднина, бидејќи на…