Дома Топ вести Ни Гвардиола, ни Мурињо: Видете кој е најплатен тренер во светот!

Ни Гвардиола, ни Мурињо: Видете кој е најплатен тренер во светот!

Tренерoт на Барселона Луис Енрике е најдобро платениот тренер во светот, а Зинедин Зидан е дури на 9-то место, откри еминентниот „Екип“.

Според францускиот весник Лучо заработува месечна плата во износ од 1.560.000 евра и се наоѓа пред Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Токму менаџерите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед го формираат Топ 3, а нивните плати изнесуваат 1.48 милиони евра и 1,36 милиони евра месечно.

Интересно, тренерот на европскиот и светски шампион Реал Мадрид Зинедин Зидан е само деветти и тоа со тројно помалку плата од Енрике – едвај 449.000 евра месечно.

Листа на најплатените тренери:
1. Луис Енрике (Барселона) – 1.56 милиониевра месечно
2. Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) – 1.48 милиони
3. Жозе Мурињо (Манчестер Јунајтед) – 1,36 милиони
4. Карло Анчелоти (Баерн Минхен) – 1 милиони евра
5. Арсен Венгер (Арсенал) – 820.000 евра
6. Диего Симеоне (Атлетико Мадрид) – 770.000 евра
7. Јирген Клоп (Ливерпул) – 692.000 евра
8. Антонио Конте (Челзи) – 641.000 евра
9. Зинедин Зидан (Реал Мадрид) – 449.000 евра
10. Унаи Емери (ПСЖ) – 420.000 евра
11. Масимилиано Алегри (Јувентус) – 415.000 евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака дефанзивецот на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис…