Дома Трансфер зона БОМБА: Тер Штеген се сели во Англија

БОМБА: Тер Штеген се сели во Англија

Германскиот гоман Марк Андре тер Штеген игра фантастична сезона во дресот на Барселона, но би можел на лето да го напушти каталонскиот гигант.

Иако Тер Штеген има договор со Барселона до 2022 година, понудата која е спремна може да ги натера Каталонците да го продадат 25-годишниот Германец.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Шпански „Дон Балон“ тврди дека Германецот ова лето би можел да го напушти „Олд Трафорд“. Наводно Манчестер Јунајтед го гледа како идеална замена за Де Геа кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Претходните денови Тер Штеген се поврзуваше и со минхенски Баерн кој исто така планира да испрати понуда.

Меѓутоа, „Дон Балон“ пренесува „бомба“ и тврди дека Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати откупната клаузула за голманот која изнесува 180 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ за Де Геа барата повеќе од 100 милиони евра, а доколку Реал навистина ја плати таа сума, тогаш тие ќе ја активираат клаузулата на Тер Штеген.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…