Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон пред полуфиналниот натпревар против Рома порача дека неговиот тим нема да го потцени италијанскиот клуб.
Ливерпул и Рома ќе се сретнат кон средината на наредната недела во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите, а мала предност фудбалскиот свет му дава на Ливерпул иако Рома во ¼ финалето ја елиминираше Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурно нема да ги потцениме. Ја победија Барселона со 3:0 и покажаа дека се топ тим. Ќе имаме тешки натпревари дома и на гости. Ги гледав неколку пати и можам да кажам дека имаат одлични играчи. Ќе биде тоа тежок натпревар, како и секогаш во полуфиналните средби“.
„Во оваа фаза од натпреварувањето нема лесни противници и не е важно против кого играте. Ќе биде ова голем предизвик за нас, но влегуваме полни со самодоверба. Рома е фантастичен тим и ова ќе биде одличен тест, ќе мораме да почекаме да видиме што ќе се случи“, изјави Хендерсон.