Дома Трансфер зона „Петелот“ вечерва последен пат ќе пее против Милан

„Петелот“ вечерва последен пат ќе пее против Милан

Вечерва Милан му гостува на Торино во рамките на Серија А, а италијанските медиуми се убедени дека ова може да биде последниот натпревар на Белоти против „росонерите“.

Не е тајна дека Милан е силно заинтересиран за Белоти. „Росонерите“ не успеаа да го донесат на „Сан Сиро“ минатото лето, но ќе направат се за да го реализираат трансферот по завршување на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Приоритет на Милан ќе биде доведување на врвен напаѓач, а најголема желба е токму Андреа Белоти. Тоа не го криеше и тренерот Џенаро Гатузо кој особено го пофали младиот напаѓач.

„Белоти е комплетен напаѓач. Многу ме потсетува на Шевченко. Има голем простор за напредок и може да биде еден од најдобрите напаѓачи на светот“, изјави Гатузо.

Минатото лето Торино за слободата на „Петелот“ бараше 100 милиони евра, но италијанските медиуми тврдат дека трансферот може да се реализира ова лето за сума помеѓу 50 и 60 милиони евра.

„Биковите“ треба да им платат на „росонерите“ ова лето 15 милиони евра за Нианг, а Милан е спремен да понуди додатни 40 милиони евра за Белоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…