Дома Останати Ново заминување во Вардар: Кањелас се сели во Унгарија!

Ново заминување во Вардар: Кањелас се сели во Унгарија!

Од специјализираниот сајт „Планет-хендбол“ пристигнуваат информации за нов удар ракометниот тим на Вардар.

Имено, според информациите на овој сајт Жоан Кањалас го договорил својот трансфер и од наредната сезона ќе го носи дресот на вицешампионот на Унгарија ПИК Сегед.

Заминувањето на 32 годишниот Кањељас ќе биде сериозен удар за црвено-црните во новата сезона во која ќе бидат значително ослабени.

Кањељас во Унгарија ќе соработува со сонародникот Хуан-Карлос Пасторе. Во Вардар пристигна во 2016 година додека претходно го носеше дресот на Хамбирг, Атлетико Мадрид, Судад Реал, Граљолерс, Барселона…

Треба да се истакне дека Каталонецот се уште е под договор со Вардар, а неодамна во ракометната јавност излезе со изјава дека и наредната сезона ќе го носи дресот на црвено-црните.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…