Денешната ждрепка сакаше Вардар во 1/2 финалето силите да ги одмери со тимот на Ростов Дон од Русија. Значи, на патот до толку посакуваното финале и трофејот ќе стои најпрвин тимот на Ростов Дон.  Во другото 1/2 финале, ќе се сретнат домаќинот, тимот на Ѓер и ЦСМ Букурешт. Овие две екипи играат и во главната рунда и сигурно не очекува интересен двомеч.

Ростов Дон сезонава покажа дека е квалитетен тим и Вардар ќе има сериозна задача за да стигне до место во финалето. Сепак, со оглед на квалитетот на другите два тима ова беше најдобрата ждрепка за Вардар, па „црвено-црните“ добија ривал со кој може да се надеваат на финале.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Завршниот турнир ќе се одржи во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта на 12 и 13 мај. Се надеваме дека токму на 13 мај Вардар ќе слави титула и во Будимпешта и во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …