Вест Хем во летниот преоден рок испрати неколку понуди за Карлос Бака, но не успеа да го убеди Милан да го пушти својот голгетер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми тврдат дека Вест Хем во зимскиот преоден рок повторно ќе тргне по потписот на колумбискиот напаѓач и веќе спремил понуда од 30 милиони евра.
„Чеканите“ не се задоволни од Симоне Заза и потврдија дека нема да го откупат неговиот договор и дека ќе го вратат во Јувенус во јануари, па поради тоа се во потрага по врвен напаѓач.
„Минатото лето не успеавме, сега можеби ќе успееме. Нас секако ни треба играч од профилот на Бака“, изјави тренерот Славен Билиќ.
Сепак, тешко е да се поверува дека Милан ќе се согласи на продажба на својот голгетер на средина од сезоната.