Дома Фудбал Останато Бугарската легенда за Нејмар: Потпиша за ПСЖ за да му ја наместат „Златната топка“!

Бугарската легенда за Нејмар: Потпиша за ПСЖ за да му ја наместат „Златната топка“!

stoickov neymar

Бразилецот Нејмар минатото лето го потресе фудбалскиот свет при трансферот од Барселона во Пари Сен Жермен, како причина најмногу се истакнуваше неговата желба да стигне до „Златната топка“.

На оваа тема зборуваше и бугарската фудбалска легенда која долги години го носеше дресот на Барселона, Христо Стоичков.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Стоичков смета дека Нејмар направил трансфер во Париз со цел полесно да стигне до „Златната топка“.

„Весникот „Франс Фудбал“ е доделувачот на „Златната топка“, па поради тоа Нејмар потпиша за ПСЖ. Тој смета дека доколку игра во Париз многу полесно би му била доделена оваа награда“, изјави Стоичков во интервјуто за „Марка“.

Сепак, многу веројатно дека Нејмар и оваа година ќе остане без престижната награда со оглед на тоа што долго време е надвор од терените поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…