Вардар успеа да ја одбрани титулата во СЕХА-лигата и да слави во големото финале. Изминативе три дена, С.Ц. Јане Сандански беше домаќин на завршниот турнир на најдобрите четири екипи во ова натпреварување, на кој на крајот Вардар го освои првото место. Во големото финале го совлада тимот на ППД Загреб (26:24). По завршување на дуелот, своите впечатоци од освоениот трофеј, вкупно чеврти во СЕХА-лигата, ги сподели најдобриот голман на овој завршен турнир, Арпад Штербик кој го изјави следново:

-Секоја титула е драга, за многу играчи ова е можеби последна сезона во СЕХА-лигата и овој трофеј им е многу подраг од било што друго. Се обидовме да го добиеме ова финале и одигравме добар натпревар. Оваа сезона имавме тежок пат кон освојување на лигата и тешки конкуренти, во финалето видовме дека Загреб е одлична екипа и не беше ни малку лесно да се совлада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија напредуваше на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман на ранкингот на Светската …