Фудбалскиот сојуз на Италија го санкционираше Милан со 10.000 евра поради непримерно однесување на навивачите на мечот со Наполи, кој беше одигран во саботата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Росонерите“ се казнети поради анти-наполитанските песни кои нивните навивачи ги упатија кон Наполи, а тие се карактеризирани како „навреди на темел на територијално потекло“.
Милан и Наполи одиграа меч без погодоци, иако лесно можеше да биде поинаку ако Џанлуиџи Донарума во судиското продолжение не го спасеше својот клуб со феноменална парада.
Инаку, ремито не им одговараше ниту на Милан ниту на Наполи кои фактички се простија од битката за Лигата на шампионите, односно титулата.