Наполи за викендот во рамките од 32 коло во Серија А го одигра натпреварот против Милан. Овој натпревар беше завршен со реми 0:0, па шансите за Скудето на Наполи сега се само теоретски.
Ситуацијата на самиот старт од овој натпревар сигурно ги насмеа оние кои натпреварот го следеа во директен пренос.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалерите на двете екипи како и секогаш се појавија на теренот со придружба од најмладите во дресови на противничкиот тим, а организаторите повторно се потрудија на Инсиње да му „подметнат“ прилично високо дете.
Инсиње на теренот излезе во друштво на две деца кои беа високи скоро колку и тој самиот. Другите играчи покрај себе имаа во главно пониска придружба.
Ништо не би било толку чудно доколку вакви работи на Инсиње не му се случуваа скоро секогаш, па станува очигледно дека организаторите се шегуваат на сметка на висината на фудбалерот.
Сега тоа му стана јасно и самиот Инсиње, судејќи според неговата насмевка при излегувањето од теренот.