Дома Трансфер зона Монако даде зелено светло – започна трката за Лемар

Монако даде зелено светло – започна трката за Лемар

Раководството на Монако ова лето ќе ги разгледа сите понуди кои ќе стигнат за нивната ѕвезда, Томас Лемар, па големо се шансите тој да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Минатото лето многу европски гиганти се интересираа за неговиот потпис, Арсенал дури понуди 90 милиони фунти, но Монако беше одлучен во намерата да го задржи во „кнежевството“.

Сепак, Лемар ова лето сигурно ќе ја промени средината, бидејќи клубот е спремен да го продаде.

Трката за неговиот потпис е веќе започната, а медиумите начесто овој 22-годишен фудбалер го поврзуваат со трансфер во Арсенал и Ливерпул.

Неговата цена во моментов изнесува околу 100 милиони евра, а таа може додатно да порасне доколку Лемар се покаже во добро светло на Мундијалот.

Не е исклучено во траката за неговиот потпис да се вклучат клубовите од Манчестер, ПСЖ и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…