Вардар по четврти пат успеа да ја освои СЕХА-Лигата, откако вечерва во големото финале ја победи екипата на ППД Загреб. Како и што му доликува на еден финален меч видовме возбудлив и пред се квалитетен натпревар. Загреб пружи силен отпор и во најголем дел од дуелот беше рамноправен противник, но сепак црвено-црните покажаа дека се поквалитетни и заслужено го одбранија трофејот. На завршната церемонија покрај доделување на медалите, се направи избор и на идеалниот тим на завршниот турнир. За МВП е прогласен Лука Циндриќ, кој е и најдобар среден бек, додека место во најдобрата седморка имаше уште и за Арпад Штербик, Тимур Дибиров и Илија Абутовиќ:
Вака изгледа најдобриот тим во СЕХА-лигата за сезоната 2017/18:
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голман- Арпад Штербик ( Вардар)
Лев бек – Домагој Павловиќ ( ППД Загреб)
Лево крило – Тимур Дибиров ( Вардар)
Десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
Пикер- Вјачеслау Шумак ( Брест Мешков)
Десен бек – Жига Млакар ( Целје П.Л)
Дефанзивец – Илија Абутовиќ ( Вардар)
МВП на турнирот: Лука Циндриќ ( Вардар)