Дома Фудбал Германија Германските медиуми стигнаа до информации – познато колку Ковач ќе заработува во Баерн

Германските медиуми стигнаа до информации – познато колку Ковач ќе заработува во Баерн

Нико Ковач на крајот на оваа сезона ќе седне на клупата на Баерн Минхен каде што ќе го наследи Јуп Хејнкес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ковач во Баерн ќе заработува и значително поголема сума. Актуелниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт добива 1.5 милиони евра годишно. Германските медиуми пренесуваат дека со преминувањето во Баерн неговата плата ќе биде повеќекратно зголемена.

Ковач во новиот клуб ќе заработува помеѓу пет и шест милиони евра годишно.

Секако, тој износ и понатаму е многу помал од она што годобиваа неговите претходници Гвардиола (17 милиони евра) или Анчелоти (12 милиони евра).

Хрватот со договорот на Баерн се приближи до најплатените тренери во светот.

На врвот е Гвардиола со 20 милиони евра годишно, следи Мурињо со 14, Венгер со 10, Зидан 9, Клоп 8.5…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барселона со трета понуда за Родри

Откако Манчестер Сити ги отфрли првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа соодветни…