Англиските медиуми пренесуваат дека Иван Ракитиќ од слендната сезона би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иднината на хрватскиот плејмејкер моментално е нејасна, бидејќи е видлив падот на неговата форма, а и Барселона спрема значителна реконструкција на тимот.
Во Шпанија се шпекулира дека веќе тој самиот решил за следниот чекор во својата кариера, а тоа е Премиер лигата.
Наводно веќе има доставено две официјални понуди за хрватскиот репрезентативец, а тоа се од Манчестер Јунајтед и Арсенал.
„Топџиите“ во моментов се со најконкретен интерес бидејќи во Ракитиќ гледаат идеална замена за Џек Вилшер, кој ќе го напушти „Емирати“ на крајот на сезоната.