Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри за кој тим ќе навива во Лигата на шампионите, после елиминацијата на „граѓаните“ во четвртфиналето.
„Бидејќи ние и Барселона отпаднавме, ќе навивам Баерн. Се надевам овој пат дека ќе имаат повеќе среќа отколку во претходните сезони“, истакна Гвардиола кој помина три години на чело на Баварците.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кога ривал ќе ве отстрани со вкупен резултат од 1:5, можете само да му честитате. Ми се допадна како реагиравме по поразот на „Енфилд“, исто така многу силно игравме до паузата против Манчестер Јунајтед. Да не заборавиме дека нашиот гол против Ливерпул беше неправедно поништен. Секој детал во Лигата на шампионите е од огромно значење. Одигравме подобро од минатата година“, заклучи Пеп.
Pep Guardiola say Manchester City *could* still miss out on the Premier League title this season.
Here are his full quotes
? https://t.co/2rwZHtlC6b #MCFC pic.twitter.com/kLU2K3C3WH— BBC Sport (@BBCSport) April 13, 2018